Оглас за вработување во АрцелорМиттал Скопје

АрцелорМиттал е водечка светска компанија за челик, со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работиме во повеќе од 60 земји, со објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и сме лидер во сите главни пазари за челик.

 

АрцелорМиттал Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.

АрцелорМиттал ЦРМ Скопје има потреба од:

Оператор на влез и заварувач

Клучни одговорности и задачи:

Го контролира квалитетот на материјалот и процесот на постројката со која ракува
Ја контролира ипсправноста на постројката и сигнализира за сите неправилности кои ќе се јават
Врши припрема и заварување на траката на вар машината и одговара за квалитетот на истото
Зема учество во сите технолошки операции на влез
Работи на командни и помошни табли
Го контролира соодветниот материјал кој е во програма за поцинкување, по димензии
Врши припрема на материјал за заварување
Врши процес на заварување спрема техничко-технолошките регулативи за работната машина за заварување
Ја контролира исправноста на машината и сигнализира за сите неисправности кои ќе се појават
Врши припрема и подесување на машината за заварување
Врши подесување на вар машината согласно материјалот (избор на програм за заварување)
Учествува во отстранување на технолошкиот отпад од соодветното работно место
Учествува при чистење на када и опрема на када
Учествува при влечење на скината трака низ печка и останати активности по линијата за време на застој
Повремено извршува и други работни активности на линјата за кое е соодветно обучен (када, процес, итн.)

Личен профил:

Професионална експертиза
Организациски вештини
Комуникациски вештини
Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа

Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија – CV на следнава e-mail адреса: HRJobs.Skopje@arcelormittal.com со назнака “Апликација за Оператор на влез и заварувач“ најдоцна до 22.10.2016 година.

ИНЖЕНЕР ЗА МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ

Клучни одговорности и задачи:

Ја развива и спроведува планираната програма за одржување за да се осигура дека работата на производните линии е согласно потребните стандарди,
Развива дневни, неделни и месечни производствeни планови за исполнување на излезните цели во согласност со однапред одредени стандарди за квалитет,
Го планира и надгледува излезот за да се осигури дека целите се постигнати во однос на бараниот квалитет и обем,
Ги координира активностите за одржување (ако е потребно) за да се обезбеди минимум прекин и загубено производство,
Идентификува и решава технички и кадровски проблеми за да се осигури дека се одржува континуирано производство,
Се грижи за безбедно работење и дисциплина на вработените во одделот,
Предлага, учествува и имплементира проекти кои придонесуваат за подобрување на производството и безбедноста и здравјето на работа,
Учествува во ремонт на линиите на кои работи,

Потребни квалификации:

Завршено високо образование – Машински / Технолошко-металуршки факултет
Работно искуство од мин. 1 годинa во областа

Личен профил:

Професионална експертиза
Вештини за менаџмент со луѓе
Напредно познавање на Англиски Јазик
Комуникациски вештни
Организациски вештини
Компјутерски вештини (Microsoft Office; AutoCad)
Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа

Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија – CV на следната e-mail адреса: HRJobs.Skopje@arcelormittal.com со назнака “Апликација за Инженер за машинско одржување“ најдоцна до 14.10.2016 година.

cheap nike air max 90