ОГЛАС: „Катар Ервејс“ бара стјуардеси од Македонија

Авиокомпанијата „Катар Ервејс“ на 16 јули во хотелот Холидеј Ин во Скопје организира интервјуа за регрутација на кабински персонал (стјуарди и стјуардеси) од Македонија.

Според огласот, од потенцијалните кандидати се бара да бидат стари најмалку 21 година, да имаат досег со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, одлично здравје и физичка подготвеност.

Потребно е да се подготвени да се преселат во Доха, Катар, да се отворени и комуникативни, како и способни да работат во мултинационален тим.

Деталите за тоа како да се пријавите и што е потребно за апликација, може да ги погледнете ОВДЕ.