
Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук соопшти дека денеска Општинската изборна комисија Гази Баба му го врачила уверението за неговиот избор за градоначалник на Општина Гази Баба во втор мандат.
-Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани на Општина Гази Баба за укажаната доверба, поддршка и верба во заедничката визија за поубава и посилна Гази Баба. Вие сте мојата најголема мотивација и причина да продолжам со уште поголем елан и посветеност!, напиша Стефковски.