Одземени пари од дневен промет во обложувалница во Скопје

Одземени пари од дневниот промет во спортска обложувалница на ул.„Петар Манџуков“ во Скопје. 

Од МВР соопштија дека случајот бил пријавен вчера во 20.11 часот, кога едно лице со закана кон вработението во обложувалницата, одзело пари од дневниот промет. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.