Одржувајте растојание од луѓе кои никогаш немаат време за вас

Одржувајте растојание од луѓе кои се полни со негативна енергија, кои повредуваат туѓи чувства и кои немаат сочувство за другите. Таквото растојание секогаш било мајка за менталното и емоционалното здравје. Одржувајте растојание од луѓе чии туѓи соништа ништо не значат, луѓе кои не ги оствариле своите соништа, па ги теши сознанието дека можат да ги уништат соништата на другите. Одржувајте растојание од луѓе на кои сте им последна опција во животот и кои со тоа најдобро ви покажуваат на кое место сте во нивниот живот и зошто ве чуваат.

Одржувајте растојани од луѓе кои секогаш носат глумат пред вас, кои еден ден се супер, а следниот се ладни со вас, сето тоа е дел од еден многу поголем план кој дури во иднина ќе го разберете. Одржувајте растојание од луѓе за кои не постоите додека не им затребате, а кога ќе им затребате, тогаш ќе ги чуете најубавите пофални зборови и ќе сфатите што значи „додворување“ и колку тоа оди на нерви.

Одржувајте растојание од луѓе кои ве трујат со својата негативност, луѓе кои имаат црни сценарија за сите ситуации, кои уживаат во предвидување катастрофи и кои животот не можат да го живеат на друг начин освен во облик на драма. Одржувајте растојание од луѓе кои никогаш немаат убави зборови за вас без оглед на тоа колку добрини правите за нив, растојание од луѓе кои секогаш ве потценуваат во вашите намери сметајќи дека се нешто поголеми и поважни од вас.

Одржувајте растојание од луѓе кои никогаш нема да се заземат за вас, кои ги гледаат неправдите кои ги поднесувате, но ништо не им значат, затоа што не ги допира нив. Одржувајте растојание од луѓе кои во ваша близина секогаш ги озборуваат другите, затоа што кога ќе си заминете вие ќе бидете мета на озборување. Еднаш кога ќе научите да држите пристојно растојание од таквите луѓе, ќе сфатите колку може да биде убав животот, а секој момент непроценливо богатство кое не може ништо да го замени.

~ Марио Жувела