Во просториите на општина Бутел, вчера беше одржана 5-та работна средба на претседателите на Совети на општините во скопскиот регион кои членуваат во Комитетот на Совети при ЗЕЛС.
Согласно најавите на претседателот на комитетот на совети при ЗЕЛС и актуелен претседател на советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, дадени на претходниот ваков состанок, вчерашната средба беше искористена за дискусија околу обуките за советниците што се одржуваат во соработка со ОБСЕ и имаат за цел зајакнување на капацитетите на советниците во рамки на општинските совети, со цел професионално извршување на нивните функции и надлежности, како и интегрирање на нивната работа со градоначалникот во насока на подобрување на квалитетот на локалните услуги спрема граѓаните.
Воедно, беше разгледана и програмата и буџетот за 2016 година, за што претседателите на Совети на Општините во скопскиот регион изразија свои мислења и ставови.
Следната ваква работна средба е закажана за 28.12.2015. Истата ќе се одржи во општина Капрпош, а на неа ќе бидат поканети и претставници од Центарот за развој на Скопски плански регион.