Односот кон животните открива колку сте интелигентни

Дали разговарате со кучињата и мачињата? Ако со животните разговарате како и со луѓето, ако сакате да си поразговарате со куче или мачка како со личност, тоа е многу добро, а еве и зошто...

Давањето човечки карактеристики на животните, наклонетоста на сопственикот на кучето и други домашни миленичиња да разговара со своите миленичиња всушност е знак за интелигенција. Ова го тврдат експертите по антропоморфија.

Порано антропоморфијата се сметала за знак дека некој е детинест и будалест, но разговарањето со животните како и тие да се луѓе всушност е показател за висока интелигенција. Ова однесување може да се прошири и на други полиња.

Николас Епли, професор по бихевиорална психологија на Универзитетот во Чикаго, вели: „ Ако мислите дека компјутерот ви е тврдоглав, а автомобилот непослушен, не се грижете. Давањето човечки карактеристики на предметите исто така е показател за нашата единствена интелигенција.“

Наклонетоста да се придаваат умствени способности на животните и предметите со години се сметаше како знак за глупост, детска тенденција кон антропоморфија и суеверие, нешто што образованите и разумни луѓе одамна го надраснале. Епли вели: „Мислам дека тоа верување е погрешно и неповолно.“

Тој заклучува: „Препознавањето на умот на друго човечко суштество ги вклучува истите психолошки процеси како и препознавање на умот на животните, божествата, па дури и предметите. Тоа е одраз на најголемите способности на нашиот ум и интелигенција, а не е знак на глупавост.“