Одморот веројатно ќе треба да почека, метеролозите прогнозираат врнежливо лето

Годишниот одмор веројатно ќе почека или ќе треба да го одложите за август, светските метеролошки сервиси предвидуваат нестабилно лето со дожд и температурите кои нема да бидат доволни високи за да имаме потреба од летно разладување.

Следната седмица ќе донесе постабилно и потопло време, но нестабилизација на времето се очекува повторно до крајот на овој месец. Утринските температури ќе се движат околу 15 степени, а дневните ќе се искачат до 30 степени.

Јули ќе биде нестабилен со чести врнежи и облачно време. Првата седмица ќе донесе сончево време, но остатокот од месецот ќе биде нестабилен и дождлив. Температурите ќе бидат слични како во јуни и нема да се искачат над 30 степени.

Почетокот на август ќе биде дождлив, но остатокот од месецот ќе донесе стабилно време и повисоки температури.