Одмор за себе или за другите: “Ај да ставиме слика сите да знаат дека сме на одмор”

Летните одмори се во тек. Социјалните мрежи се преполни со слики од плажи, од мориња, од пливање, од нозе, од костими за капење...

Се наметнува прашањето: Одиме ли за себе, или за другите...

Во минатото сликите од одморите се чуваат дома, во фијока. Сме ги покажувале само на најблиските, а денеска се уште стојат како спомен, на кој се потсетуваме од време на време.

Денеска истите, не стојат во фијока, туку на Фејсбук или на Инстаграм. До истите има пристап секој кој ќе посака.

Денеска сите знаат кога тргнуваме на одмор, каде сме, и како си поминуваме...

Секој ден се повеќе луѓе се зависници од соцјалните мрежи, особено од Фејсбук. До пред некое време тоа беше претежно група од млади лица, но денеска таму има и се постари, како и деца. Ретко кој денеска нема профил.

Фејсбук е супер алатка која може да се употреби на многу различни начини, но и да се злоупотреби. Оние кои ја злоупотребуваат во потрага по внимание успеваат на тој начин да ги изнервираат сите блиски и далечни пријатели, освен другите трагачи по внимание кои се држат до нив поради заедничките потреби. Кај секој од нив се забележуваат дел од овие знаци.

“Ај сликај ме за на Фејсбук”, доста позната реченица. Се сликаш во илјада слики, и едвај измираш една, која подоцна ја средуваш со часови, за да ја потпишеш како “спонтана”.

“Ако не се чекираме, дека сме тука, исто како да не биле”, а и задолжително сликање на масата, да видат сите што јадеме и пиеме...

Сите имаме барем еден пријател кој секојдневно на Фејсбук објавува слики од теретана или од некој друг тип на вежбање.  А можеби тоа сте и вие?

Сите денешни вести прочитајте ги тука.