Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски информираше дека за неколку денови зпаочнува изградбата на новата детска градинка во Инџиково.
- Со особено задоволство, сакам да ги информирам граѓаните дека ја потпишав Одлуката за избор на економски оператор кој ќе ја гради новата детска градинка во Инџиково. За неколку денови од денес започнуваат градежните активности. По повеќе децении, жителите на Инџиково добиваат детска градинка, а јас исполнувам уште едно ветување дадено пред граѓаните! - сподели Стефковски на својот фејсбук профил.
Ова е втора нова детска градинка која започнуваме да се гради за помалку од една година во Гази Баба, а како што рече градоначалникот нема да биде последна нова детска градинка.