Одлуката е донесена: Рестриктивните мерки остануваат на сила

Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела, неофицијално дознава НОВА. Одлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на министерот за здравство д-р Венко Филипче, односно Комисијата за заразни болести.

Веќе следната недела, по анализата на состојбата ќе се утврдува дали полицискиот час ќе се намали за еден час, а угостителските објекти ќе можат да примаат гости само надвор. Предлогот за мерките утре ќе биде на седница на Влада, каде треба да се усвои.

Пакетот рестриктивни мерки беше донесен пред две недели ви до 20 април, меѓутоа утре претставници од министерството за здравство меѓу кои и министерот Венко Филипче ќе заминат во Белград во работна посета на институтот „Торлак“, за во идниниа да биде наш стратешки партнер.

Третиот бран на коронавирусот придонесе до зголемување на бројот на новозаразени, преполни болници и починати поради што беше донесена одлука за затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.