Одложено рочиштето за „Титаник“, судијата Ставров во изолација

Судијата Огнен Ставров, кој денеска требаше да биде присутен на рочиштето за предметот „Титаник“ е во изолација поради контакт со заразени лица, па поради тоа истото е одложено за 17 март.

Рочиштето требаше да продолжи со искази на сведоци. Ставров е член на Судскиот совет, а овој предмет го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова. 

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник" обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Во предметот „Титаник“ тие се сомничат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.