Одложено претстојното коло за овој викенд во ПМФЛ поради изборите - еве кога ќе се одржи дербито меѓу Шкендија и Вардар

Натпреварите од домашното првенство ќе бидат одложени овој викенд, откако поради одржувањето на локалните избори, Министерството за внатрешни работи побара одложување на сите спортски настани.

ФФМ ја прифати препораката и донесе одлука сите натпревари од 10. коло да бидат презакажани, а новиот распоред ги преместува натпреварите за следната недела.

Најголемото дерби, дуелот меѓу Шкендија и Вардар ќе се игра во понеделник, со почеток од 13:30 часот.

Петок 24.10. - 14:30ч
Башкими – Шкупи
Тиквеш – Арсими

Сабота 25.10. - 14:30ч
Работнички – Македонија ЃП
Струга ТЛ – Брера

Недела 26.10. - 13:30ч
Силекс – Пелистер

Понеделник 27.10. - 13:30ч
Шкендија – Вардар