Одложено доаѓањето на двете слоници во Зоо Скопје

-Поради екстремно високите температури, доаѓањето на двете слоници е одложено. Топлиот бран кој ја зафати Европа не е погоден за транспорт на Дуња и Даела. Нивното здравје е најважно, а штом се стаблизираат временските услови и се создадат услови, слониците ќе пристигнат во Скопје, објави Зоо Скопје на Фејсбук.