Одложените настапи од „Бела ноќ 2022“ ќе се одржат вечерва

Одложените настапи од Бела Ноќ 2022, заради лошите временски прилика, ќе се одржат вечерва.

Станува збор за целата програма од плоштадот Филип Втори, каде што требаше да биде и централната манифестација.

Од 19.30 часот, започнува програмата, која вклучува детска претстава „Моќта на музиката“, потоа следува музичкиот концерт на пејачката Мијата во 20.15 часот, следни се камерниот оркестар на Битола „James Bond Symphony“, за програмата да заврши со DJ Dubnotic, кој ќе започне во 22.30 часот.