Одложен концертот на Жељко Бебек во Скопје

Скопскиот концерт на Жељко Бебек со симфониски и тамбурашки оркестар е одложен за наесен.

Причината за одложување на концертот кој требаше да се одржи на 5-ти март во арената „Борис Трајковски“ е австралиската турнеја на пејачот.

Тој добил понуда да остане во Австралија уште две недели подолго од планираното, а Авалон продукција поради набиената концертна агенда го прифати тој предлог и смета дека подобро време за одржување на овој концерт е крајот на октомври или почетокот на ноември.

Авалон продукција им се извинува на сите кои купиле влезници за концертот на Жељко Бебек и ќе можат да си ги повратат парите на продажните места од каде што ги купиле влезниците.