Одлични есенски намирници за зајакнување на имунитетот

Есенските намирници се полни со антиоксиданси, кои се многу важни за борба против различни болести. Советите на нутриционистите велат дека треба дневно да јадеме пет видови зеленчук и овошје, а доколку сакате да го зајакнете имунитетот, вметнете ги овие намирници во исхраната. 

Ова се шест намирници кои најдобро го зајакнуваат имунитетот, а се најзастапени во есен!

Костени

Костените се препорачуваат на оние кои боледуваат од бубрежни болести, во нив има калиум и фосфор, а содржи и супстанција која ги јакне коските и имунтетот. 

Тиква

„Портокаловата кралица на есента“ е богата со еден куп витамини и добри суптанци кои се грижат за вашето здравје, вклучувајќи ги и семките! Јадењето тиква значително го штити вашето срце и крвни садови!

Цвекло

Цвеклото е познато како најдобар лек против анемија, го штити црниот дроб и го намалува крвниот притисок. Со јадењето на свежо цвекло ги елиминираме и исцрпеноста и уморот.

Брокула

Само 45 грама брокула на телото му дава 70% од препорачаната доза витамин Ц, а покрај тоа, содржи и антиоксиданси кои го штитат телото од разни болести. 

Круши

Ова овошје содржи голема количина витамин Б, кој ни помага полесно да се носиме со стресот. Добри се за стомак и срце, а го регулираат и нивото на холестерол во крвта. 

Јаболко

Јаболките имаат многу витамини, го зајакнуваат имунитетот, спречуваат настинки и намалуваат ризик од инфекции. Успешно го намалуваат холестеролот, а ја одржуваат и рамнотежата на цревната флора.