Одлична забава и музика, проверете што ќе се случува викендов на скопскиот плоштад

Во текот на предстојните летни денови и за време на викендите, Скопје продолжува со одлична забава и музика на централниот плоштад „Македонија“, како дел од проектот „Улични музичари и артисти“.

Овој петок со почеток во 20 часот свој настап ќе имаат Standby, поп-рок бенд со долгогодишно искуство, добро познати на македонската публика. Standby свират старо-добро познати класици, како и нови хитови со изменет аранжман и звук карактеристичен за бендот- енергична и забавна музика. Бендот има доста настапувано низ скопските кафулиња, од каде е добро познат на публиката, Винотека Темов, Пивница Стар град, Jukebox Cabaret, Led Zeppelin Guitar bar, VOX night club, Chillin' bar и многу други. Бендот го сичинуваат,Филип Исаков Џајо – (Гитара/Вокал), Илија Трајковски – (Бас гитара),Дејан Которчевич – (Тапани), а како вокал се појавува Моника Ставревска.

Во сабота, се резервирани  Bad Influence, кои во стандардниот термин (20часот) ќе имаат свој настап на централниот плоштад „Македонија“. Членови на бендот се: Дино Зукиќ (тапани и перскусии, Стефан Филков (вокал и ритам гитара),  Панче Захариев (бас и ритам) и Даниел Котевски (ритам и соло гитара). Бендот во ваков состав постои веќе 3 години, а неговите членови имаат музицирано ѝ претходно со други бендови и сѐ со повеќегодишно музичко искуство. Од своето формирање, бендот редовно настапува во Велес на питијада, а сѐ и со редовни музички настапи и низ познатите скопски клубови и кафулиња.