Зоран Рудан Цеки мотивиран од книгата „Џабе живиш у Скопје“ на Зоран Спасоц Ѕоф ја објави песната со истоимен наслов.
-Џабе живиш у Скопје џабе сањаш друже мој, денес не е никој со никој нит е она на истиот број - гласат дел од стиховите.
„Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсурди, фазони, афоризми, синоними, топоними, акроними, криптоними и многу други „–ними“, издадена годинава. Оваа книга е вивисекција на скопските: (не)култура, историја, менталитет, хумор и јазик, но и одолжување на авторот на неговото Скопје.
Во продолжение слушнете ја песната за Скопје, на скопски: