Одлична купка со која ќе го исчистите своето тело од токсините

Ова е одлична купка која ќе ви помогне да се опуштите, но и да го исчистите своето тело од токсините. По оваа купка, ќе почнете засилено да се потите, што е знак дека отровите излегуваат од вашето тело. Кожата ќе ви биде мека, а порите исчистени.

Сѐ што ви е потребно е горка сол и ѓумбир. Ѓумбирот носи многу бенефити за нашето тело и здравје, а е и одличен е за олеснување на здравствените тегоби. Тој помага за ублажување на мачнините и проблемите со варењето, ги намалува воспаленијата и има антибактериски својства. 

Горката сол (Епсом или магнезиум сулфат) е фантастична за решавање на проблемите со хемороидите, акните, брадавиците, сувата кожа и непријатниот мирис на нозете. Исто така, одлична е за чистење на порите и омекнување на кожата.

Рецептот за оваа фантастична купка е следниот:

1 лажица горка сол

½ лажица ѓумбир во прав

1 лажица свежо изрендан ѓумбир

Наполнете ја кадата со топла вода и додајте ги состојките. Легнете во када и уживајте во овој деток, околу 15-20 минути. Испијите чаша вода откако ќе излезете од бањата, а тоа ќе го поттикне отстранувањето на токсините од телото.