Одлична атмосфера и насмеани детски лица на ИФДТ „Игор Маџиров“

Интернационалиот фестивал за детски театар „Игор Маџиров“ поминува во одлична атмосфера, со голем број публика и насмеани детски лица.

Вчера на фестивалот гостуваа театарџиите од Градскиот театар од Подгорица, Црна Гора. Тие го отворија неделниот репертоар со претставата „Мачката папучарка“. 

Се одржа и работилницата за кукларство со менторот Јакуб Максимов, режисер од Чешка. Актери, режисери, дизајнери научија нешто повеќе за кукларството и уживаа во споделувањето вештини и знаења од страна на Максимов. Работилницата ја оценија како забавна, едукативна и креативна. 

Театарските работници од Албанскиот театар за деца и младинци, ја изведоа претставата „Вечерва не сум сама“. 

А срцата на публиката ги освои и „Авантурите на малиот Јују“, која ја изведоа гостите од Градскиот куклен театар на Ријека, Хрватска.

Театарскиот фестивал трае до 4.октомври.