Одличен рецепт за зафатените домаќинки - вкусен ручек за 30 минути

Потребни состојки:

450 g мелено мисиркино месо

1 изматено јајце

¼ чаша лебни трошки

1 лажица Ворчестер сос

1 чешне лук

1 лажица сушен босилек

¾ лажица оригано

½ лажица сол

¼ лажица црн пипер

110 g моцарела сирење, исечкано на мали коцки

½ чаша рендано/ситно сецкано моцарела сирење

3 чаши маринара сос

Начин на подготовка:

Во голем сад со раце се мешаат мисиркиното месо, јајцата, лебните трошки, Вoрчестер сосот, лукот, босилекот, ориганото, солта и црниот пипер.

Земете парче од моцарела сирењето и обвиткајте го целосно со смесата од месо, правејќи топчеста форма. Повторувајте го процесот, сè додека не се потроши смесата.

Во голема тава загрејте масло на средна топлина. Пржете ги ќофтињата по 2 минути од секоја страна, додека не добијат убава кафеава боја.

Ќофтињата се преливаат со маринара сосот и се динстаат на средна температура, покриени со капак уште 10 минути.

На крај, посипете го врз нив ренданото/сецканото моцарела сирење и сервирајте.