Одличен рецепт за зафатените домаќинки - вкусен ручек за 2 дена

Потребни состојки:

3 лажици масло

2 помали главици кромид

3 чешниња лук

200 гр презла

500 мл млеко

150 гр сирење

2 лажици свежо сецкан целер или магдонос

2 лажички зачин

1 лажичка сол

 1/2 лажичка бибер

3 лажици кисела павлака

1 кг мелено месо

И уште:

2 пакетчиња шпагети од 500 гр (за секој ден по едно)

1 кг исчистена зелка (од надворешните листови и без средината)

2 л што погуст сок од домати

Пармезан

Подготовка:

1. За почеток исчистете го кромидот исецкајте го на ситни коцки и ставете го да се пржи на загреано масло заедно со истолчениот лук, се додека не добиете карамелизирана боја. Оставете да се олади.

2. После кромидот, најдобро е да ја средите и зелката. Исчистете ја и насечете ја на ситни коцкичк. Распоредете ја на дното на голем длабок сад за печење.

3. За ќофтето, ставете ја презлата во еден сад, додадете во неа половина количина од млекото. На млекото додадете го изренданото сирење, сол, бибер, зачини, насечкани листови целер или магдонос. Додадете го и изладениот кромид во оваа мешавина. Се измешајте. На крајот додадете го меленото месо и замесете го со останатите состојки. Ќе биде малку погусто од што треба. Додадете ја киселата павлака и постепено остатокот од млекото. Месете додека да се изедначи смесата.

4. Намастете ги малку рацете па обликувајте ќофтиња и редете ги на зелката. Кога ќе ги обликувате сите ќофтиња , преку нив и зелката прелејте со сокот од домати. Спремно за готвење. Поклопете го садот за печење, па ставете во рерна на 200С да се крчка. Ќе треба околу 1,5 час за овој ручек за два дена, да биде готов.

5. Пред да помине еден час и половина по времето од готвењето на ќофтињата, ставете вода за шпагети и сварете ги. Откако ќе се варат прелијте ги со ладна вода, па ставете во чинија.

6. Проверете дали ќофтињата се готови. Сервирајте во чинија шпагети, па на нив извадете ќофтиња, зафаќајќи и од зелката и доматниот сос. Наросете ги со пармезан, а и не морате доколку не сакате, можете да го замените со некое друго тврдо сирење. Послужете.

Тоа што е најдобро, овие ќофтиња остануваат подеднакво вкусни и следниот ден, така што само подгрејте ги во рерна и другиот ден имате слободно попладне.