Одличен пијалок за јакнење на имунитетот и опуштање на организмот

Можеби никогаш не би се сетиле на оваа комбинација, но таа носи моќни бенефити за нашето здравје.

Станува збор за комбинација од природен сок од грозје и јаболки. Овој природен сок е одличен за јакнење на имунитетот и опуштање на организмот. Тој е и одлично средство за тонирање на телото поради органската киселина, минералните соли, витамините, глукозата и фруктозата и пектините на грозјето и јаболките.

Оваа комбинација одлично влијае на крвниот притисок, а го подобрува и имунолошкиот систем и го стабилизира нашиот метаболизам. Освен тоа, помага и кај болестите поврзани со кардиоваскуларниот систем и кај одредени заболувања поврзани со желудникот и стомакот. Се препорачува и кај заболувања на белите дробови, бронхитис и камен во бубрегот.