Одличен летен пијалок за слабеење

Со само две состојки и малку вода, можете да го подготвите овој хит напиток кој ги топи килограмите.

Освен тоа, тој е одличен за нашето севкупно здравје. Станува збор за зелен чај и ѓумбир кој можете да го пиете студен или топол, зависно од периодот и вашата желба. Зелениот чај во комбинација со ѓумбир ги спречува мачнините, делува антивоспалително, ја поттикнува циркулацијата и е одличен за кожата. Освен тоа, тој е и одличен антиоксиданс и го поттикнува варењето.

Потребни состојки

2 чаши вода

1 кесичка зелен чај

10 грама свежо рендан ѓумбир

Зовријте ја водата, а во неа додадете ја кесичката зелен чај и оставете да отстои 5-10 минути. Извадете ја кесичката, а потоа додајте го ѓумбирот. По желба, можете да додадете и нане или малку мед.

Во текот на летото, можете да го изладите овој пијалок и да го пиете студен за да се освежите.

 

jordan Sneakers | Nike Air Force 1 Low UV Reactive Swoosh - DA8301-101