Одличен бизнис - 3.500 евра профит

Ова е вистински бизнис за вас. Не бара никакви вложувања, продажбата на производите е загарантирана, а може да ви донесе годишен профит до 3.500 евра! 

Се работи за одгледување на корнишони. Овој вид на краставици е особено побаруван во Република Македонија, но и од останатите поголеми земји во Европа и светот така што претставува одличен мотив доколку сакате да ги извезувате и да заработите уште повеќе. 
Од само 10-на ари може да се заработи од 3.000 до 3.500 евра, а нема никакви вложувања – откупот е загарантиран.

Голем број од земјите во регионот како што се Србија и БиХ применуваат најразлични мерки со цел да го зголемат и мотивираат производството на овие земјоделски продукти. Овие земји дури и имаат обезбедено извоз за оваа и следната година што отвора солидни можности за пласман и на македонските производители. 

Како што известуваат порталите од соседството, за неколку години се очекува повеќе од 6.000 земјоделци да започнат да се бават со производство на корнишони. Експертите велат дека ова е бизнис за кој се потребни никакви – речиси минорни инвестиции, а профитот е 100% гарантиран на крајот од секоја сезона.

 ДОВОЛНО Е САМО ДВОРНО ЗЕМЈИШТЕ? 

Тие советуваат и дека овој производ може да се произведува дома. Доволно е да имате некој поголем двор каде што можете да направите пластеник за одгледување на зеленчук. Високата цена на производот ќе ви обезбеди поврат на сите направени инвестиции.

На 200 квадрати може да се обезедат над 1 тон корнишони што е всушност приход од 500-600 евра месечно. Ефектот е поголем доколку се здружат поголем број на луѓе и произведуваат заедно. Со инвестиција од 15.000 евра може да се прошири производството и профитот да се зголеми за 4-5 пати!