„Одговор“ – слушнете ја новата песна на Александра Јанева

Неполн месец по промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“, поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна.

Текстот на песната „Одговор“ е на Александра, а за музиката се погрижија заедно со Тино Стојановски. На аранжманот работеа со продуцентот Иван Јованов Iwayo.

„За мене 'Одговор' е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства. 'Одговор' е за изневерената толеранција, доверба, љубов“ – вели Александра за своето прво авторско дело.

Песната ќе се најде на деби-албумот на Јанева насловен „Срце отвори“.