Одбрани најдобрите фотографии на „Деновите на македонската фотографија“ во Охрид

Од 28-ми до 30-ти мај во Охрид со одржа педесет и деветото издание на „Деновите на македонската фотографија“ организирано од страна на „Фото сојузот на Македонија“ а домаќин беше Фото клубот „Охрид“. На најпрестижниот настан за фотографија во државава беа пријавени вкупно 402 фотографии од кои беа одбрани најдобрите од страна на стручно жири. Љубителите на добрата фотографија можат сè уште да ја посетат изложбата од 131 фотографија во НУ ЦК „Григор Прличев“ Охрид која ќе трае до 10-ти јуни.

На „Деновите на македонската фотографија’’, присуствуваа над стотина љубители на фотографијата како и истакнати фотографи од целата земја. Официјалниот дел од настанот го отворија директорот на Центарот за култура „Глигор Прличев“, г-дин Горан Симоноски и градоначалникот на Охрид, г- дин Константин Георгиески.

Изборот на најдобрите го направи стручно жири составено од реномирани дејци во областа на фотографијата и уметноста како Проф. Др. Цветан Гавровски - Мајстор на фотографија на ФСМ, Душан Доцевски - Кандидат мајстор на фотографија на ФСМ и Мирослав Масин академски ликовен уметник.

Од големиот избор пристигнати фотографии, жирито првата награда му ја додели на Филип Лафазановски самостоен автор на делото „Човек и две дрва“. Втора награда за поединечна фотографија доби Небојша Гелевски самостоен автор на дело „Паралели“, додека трета награда за поединечна фотографија Александар Томовски самостен автор на дело „In manibus meis“ .

Жирито додели и дипломи за поединечна фотографија на Христина Трајкоска ФК Кастрон за дело „Levitating“, диплома за поединечна фотографија доби Јасмина Трајковска самостоен автор на дело „Emporia“, диплома за поединечна фотографија доби Филип Илиевски ФКК Козјак на дело „Berlin hall“.

Наградени беа и колекциите со прва награда за Александар Гаревски самостоен автор на дело „Зимска бања“ 1,2,3,4, втора награда за колекција Александар Томовски самостоен автор на дело „Behind the Curtains“ 1,3,4, трета награда за колекција Виктор Соколовски самостоен автор „Генеза“ 2,3,4., диплома за колекција доби Маја Аргакијева ФК ЕЛЕМА Евгени Минчев пијанист 1,2,3, диплома за колекција доби Наце Попов самостоен автор „Macedonia From the Air" 1,3,4., диплома за колекција на Мирјана Недева самостоен автор на делата „Young Lovers at Calle de la Luna“, „A Man Sunbating“; и „A Man and his Dog“.

Наградата „Благоја Дрнков“ беше доделена на Ана Андонова ФГ Чкрап „Три“.

Првата награда за документарна фотографија ја доби Анита Палечска самостоен автор за делото „First Tango Poema“. Додека прва награда за младинска фотографија ја доби Бисера Поповска самостоен автор за делото „A Moment in the Madness“, втора награда за младинска фотографија Ана Иљоска самостоен автор на дело „Цензура“ а третата награда за младинска фотографија ја доби
Леонида Костова самостоен автор на дело „Во мојот свет“.

Манифестацијата заврши на 30-ти мај во Горно Коњско сo „Фото сафари“. Изложбата на деновите на Македонската фотографија е финансирана со средства за проекти од национален интерес на Министерство за култура, а поддржана е од: Меккен - Скопје, СЗТКМ, Кинотека на Македонија, НУ ЦК „Григор Прличев“ Охрид, АНС печатница Битола.