Одборот за традиционалната прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот за оваа година

Одборот за традиционалната прослава на Бадник денеска во Скопје ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2019 година, пренесува Прва скопска.

Од Граѓанското здружение информираат дека се направени сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата.

– Традиционално, на 23 декември од падините на Водно на скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, нафората и  голтката топла ракија, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик, се вели во соопштението од Здружението.

Кумот за Бадник 2019 година, се додава во него, со пајтон ќе замине со преодниот Ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ Г.Г.Стефан.