Одбојкарското и ракометното игралиште на песок на градската плажа „Парк“ од денеска е отворено за користење

Одбојкарското и ракометното игралиште на песок на градската плажа „Парк“ од денеска е отворено за користење.

Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, рекреативци, спортски клубови и здруженија на граѓани може бесплатно да спортуваат и да рекреираат на овие игралишта на песок. Спортските терени на градската плажа „Парк“ ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта во горенаведениот период и на телефонскиот број за контакт 072 258 441, во периодот од 10 до 23.30 часот. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.