Фејсбук статус на млада Македонска стана вирален! Имено, Адриана Поповиќ дава свое видување зошто не се сели од земјава, иако има многу причини за тоа.
Нејзиниот фејсбук став ви го пренесуваме во целост:
-Сите ме прашуваат зошто не се селам од Македонија. Епа дојде моментот да разјасниме.
Ужасна политика? Да. Сиромаштија? Да. Неправда? Многу.
Ова е нашето секојдневие и факт е дека е катастрофално. Исто така мора да се соочиме со фактот дека оваа реалност нема да се промени сама од себе. Нема да се разбудиме едно утро во праведна држава со вистински вредности и слога меѓу народот. Бруталната вистина со која што мора да се соочиме е дека мора да излеземе од mindset-от "што се замараш", "не зависи од нас" и слично, зашто на крајот од денот буквално зависи од нас.
Предолго интелектуалците се фокусираа на хедонизам и ја оставија политиката и одлуките на гладните и жедни мршојадци, време е да се разбудиме.
Македонија е преубава ако знаеш да го уклучиш мозокот и не се плашиш од предизвик.
Одбивам да ја предадам државата за 6 евра во McDonald's во Германија само затоа што не сме биле доволно гласни. Тие ладни улици нема да ја заменат прегратката на баба ми, липите во април и мирисот на дом.