Одбивам да бидам твоја девојка за „понекогаш“!

Можевме да бидеме многу работи, а сега сме ништо. Тоа е всушност класична приказна. Маж и жена сфаќаат дека има привлечност меѓу нив. Девојката се плаши дека ќе биде повредена, па затоа на почетокот внимателно покажува чувства. Но, после некое време ги напушта своите стравови. Мажот тогаш решава да исчезне. Девојката чека да се врати, и тој се враќа, но секогаш ја држи на одредено растојание, а таа емоционално се распаѓа.  

Сега знам што сум ти јас на тебе. Ми требаа пет многу долги месеци полни со чекање за да сфатиш колку ми значиш и да се појавиш на мојата врата и да се бориш за мојата љубов. Јас сум девојка која ти понекогаш ја сакаш покрај себе. Можеби и ти длабоко во себе чувствуваш нешто за мене, нешто големо, но можеби и не. Никогаш нема да дознаам, затоа што веројатно ти никогаш нема да ми кажеш. 

Најлошо од сѐ е што многу ми се допаѓаш, дури и кога те нема. Ти си мојата омилена личност со која сакам да ги поминувам деновите и месеците. Дури и кога лежеше покрај мене и ми зборуваше за твоите емоционални проблеми, знам дека и јас ги имам истите.

Има моменти кога мислам дека сум подобра. Ги гледам твоите недостатоци и знам дека не сакам да се однесуваш со мене онака како што се однесуваш, чувствувам дека заслужувам подобро и тогаш мислам дека готово, те оставив зад себе. 

Но, потоа, од никаде – некаде ти ќе се појавиш, како твојот телефон да добива нотификација секогаш кога ќе се почувствувам така. Се враќаш со нежни зборови, со силната рака на мојот грб која ме потсетува на твојата присутност. 

Јас сум сѐ што ти сакаш кога во околина нема ниту една друга, затоа што знаеш дека јас секогаш сакам да бидам покрај тебе. Би сакал да знам дека тоа е нешто природно меѓу нас, дека така мора да биде, но ти не си ни свесен колкава болка ми нанесуваш. Секојпат кога ќе ме запознаеш со твоите пријатели или кога ќе ми кажеш дека сум убава, знаеш дека така повторно ме враќаш во твојата замка.

Затоа што така покажуваш дека ти значам и дека се грижиш, но вистината е дека не ти значам доволно. Ти значам во моментите кога си сам. Јас за тебе сум неважна девојка која доволно ти се допаѓа за да ме задржиш, но недоволно за да ме засакаш.  Јас сум девојката која ти недостасува во недела попладне додека одмараш, кога не знаеш што да правиш и девојката која сакаш да ја видиш во 4 наутро.

Јас сум девојката која ќе те собере и нема да побара ниту едно објаснување. Јас сум една од оние жени кои сакаат, а не добиваат љубов. Јас сум онаа која им се чудеше на другарките порано кога поминуваа низ истово, а сега види ме. 

Мислев дека сум јака, дека вакво нешто нема шанси да ми се случи. И сега гледам дека сепак сум слаба. Слаба на тебе. Слаба затоа што дозволив да ти бидам девојка за „понекогаш“. Иако тоа мислам дека е и мојата сила, затоа што секој ден го подложувам моето срце на болка, да видам уште колку може да истрпи. Секоја недела се обидувам да се тргнам од тебе, но се чувствувам заглавена, како да не можам да побегнам. 

Зарем ова е времето кога морам да искусам врска како оваа за конечно да почнам да се почитувам себеси? Ако е така, ќе го прифатам тоа, со надеж дека нема долго да трае. Но, нема да дозволам уште долго да бидам девојка за „понекогаш“, дури и не ми се верува дека го пишувам ова, не ми се верува дека ова мене ми се случи.

Но, верувам дека еден ден ќе запознаам некого за кого ќе бидам девојка „засекогаш“, а ти ќе бидеш само дел од моите спомени за „понекогаш“ – можеби како пример кога давам совети на други жени за да не ги повторуваат моите грешки.