Одбирам да ми биде убаво...

Одбирам да ми биде убаво.
Што почесто да правам работи кои ми носат убави чувства.
Малку се правам наудрена кога нешто ми пречи.
Не исправам „криви Дрини“.
Се трудам да бидам љубезна со луѓето околу мене.  

Секогаш кога морам го одбирам полесниот пат. Многу често се покажал како исправен.
Одбирам да избегнувам работи кои не сакам да ги правам. Секогаш има причина зошто не сакам да правам нешто.
Не влегувам во конфликти.
Не ги убедувам другите, не се докажувам, не менувам никого. Одамна научив дека тоа е залудно потрошено време.
Си водам своја политика, јас тоа го нарекувам „убавина на животот“.

Мене ми е убаво, убаво им е и на другите околу мене.