Одбирајте слобода и љубов, а не лажни и замислени слики

Врските кои имаат потенцијал да ни продрат во душата, нè продлабочуваат со тоа што нè извлекуваат од најцрниот мрак. Тоа се врските кои ни го кршат егото и сите досегашни структури.

Предизвикуваат траумите и сè што е лажно во нас конечно да излезе на површина. Додека ни ги рушат ограничувањата, ни го отвораат срцето. Меѓутоа...

Често заглавуваме во ваквите врски. Се бориме самите против себе и тој отпор создава страдање. Остануваме во сопствената деструкција подолго отколку што треба. Не заборавајте дека пред сè сте човек и дека страдањето не треба да е дел од ниту една врска, особено таа која ја имаме со себе.

Лажните идентитети се подготвени да си одат во моментот кога нешто ќе ги предизвика. Кога не би давале отпор и кога би останале во лажните слики, тој процес би бил безболен. Но, воопшто не е. Заради нашата наклонетост да се врзуваме.

За личност. За слика. За илузија. За трошка љубов.

Затоа не бирајте личност за себе. Не одбирајте одреден исход и посакувано сценарио.

Одбирајте слобода. 

Одбирајте љубов. 

Одбирајте леснотија.

Одбирајте го своето автентично јас.