Одберете слика и откријте посебна порака за овој месец

Одберете една слика и прочитајте ја посебната порака за овој месец. Се надеваме дека ве чека добар период!

1.

Вашата креативност се буди и имате инспирација. На пример, можеби сакате да свирите на инструмент, да напишете книга, да сликате, да имате домашно миленичи или да промените нешто кај себе. Тоа е освежувачка енергија поради која размислувате надвор од вообичаените рамки, а универзумот го гледа тоа. Со таа енергија ги привлекувате луѓето околу вас. Уживајте во сè што ќе се појави во вашиот живот.

2.

Се случува енергетско поместување кое ви носи нов живот. Фокусот е на планирањето, преземањето обврски или мали истражувања. Тоа може да се однесува на вашата кариера, проект, преселба или почеток/крај на некој процес. Што и да е, треба добро да размислите и добро да испланирате. Ќе ви бидат достапни ресурсите или поддршката која можеби ќе ви биде потребна за да донесете одлука. Ќе ви се отворат сите врати, вие сте на вистинскиот пат. Запомнете дека единствено што вие треба да направите е да останете фокусирани и да го отстраните она што ве дефокусира.

3.

Тргнувате на ново „патување“. Тоа може да биде физичко, умствено или емоционално патување кое ве води на непознато место. Не стоите со нозете цврсто на земјата, сè уште постои одредена нестабилност или ризик. Можеби се прашувате дали вреди да чекорите напред, затоа што ќе треба нешто важно да оставите зад себе. Универзумот ви вели дека делувате правилно. Чувството на несигурност и грижа дека сте згрешиле само ќе ве држи како заробеници. Можеби треба да ги согледате предностите и недостатоците и да погледнете внатре во себе. Запрашајте се што треба да направите за подобро да се грижите за себе. Само вие можете да одговорите на ова прашање!