Одберете слика и откријте ја вашата порака за следниот месец

Одберете слика која највеќе ве привлекува и откријте го советот за вас за следниот месец!

1.

Овој месец можете да се сосредоточите на вашите чувства и да работите на нив. Само треба да се запрашате како чувствата влијаат на вашиот живот. Дали им се препуштате на бесот, лутината и дали им дозволувате на тие чувства да ве водат? Дали се затворате во себеси и нешто одвнатре не ви дава да побарате помош? Треба да научите да живеете со она што ви се случува и да најдете начин да го канализирате она што е негативно, за да спречите да влијае на вашиот живот. 

Совет: Нема ништо лошо во тоа да им се препуштите на чувствата, но важно е да пронајдете рамнотежа. Техники како медитација би можеле да ви помогнат да пронајдете баланс и толку посакуваниот мир.

2.

A picture containing text</p>
<p>Description automatically generatedhttps://lh5.googleusercontent.com/YGh06GsLVy26SeI7bgj5m99P9djPaILoQISfqX..." />

Следниот месец може да биде фантастичен за анализирање на сопствените избори. Преиспитајте се себеси и работите што ви се случиле, без оглед дали се добри или лоши и набрзо ќе ги сфатите причините зошто работите се одвивале на таков начин. Ќе сфатите дека тоа е магијата на животот и дека секогаш можеме да избираме и да презмеме одговорност за последиците. 

Совет: Кога ќе ги прифатиме нашите избори со цело срце, стануваме свесни, затоа што тогаш престануваме да се жртвуваме себеси и можеме да научиме лекција од она што ни се случува, наместо да останеме затрупани од самосожалување и негативна енергија.

3.

A picture containing background pattern</p>
<p>Description automatically generatedhttps://lh6.googleusercontent.com/TJiRO2qJYdxGI7eCWRX75RVHzaLP5w5i_0Vnct..." />

Овој месец посветете го на истражување на својата душа. Отфрлете ги формалните етикети. Поминете време сами со себе, во мир и тишина. Запрашајте се дали го правите она што ве прави среќни или живеете само ден за ден, дозволувајќи животот да ве фрла во различни насоки? 

Совет: Слушајте го вашето срце, не им давајте отпор на промените. Прифаќајте ги со радост, сакајте се и прифатете се себеси.