Одберете да бидете оние кои можат да имаат сѐ

Живејте го животот во целост, дали вашата чаша е секогаш полуполна или ја гледате како полупразна? Што е она што сакате да бидете, а сѐ уште не сте се осмелиле да ги раширите крилјата и да се впуштите во непознатото?

Верувате ли дека постојат луѓе кои не се оптоварени со времето, кои секој ден им е подеднакво важен, исполнет и среќен? Затоа што одлучиле да делуваат во своја корист, да чекорат кон своите цели, да го создаваат својот пат. Тие се многу свесни за својата ранливост и минливост. Знаат дека утрешниот ден не им е ветен и свесно и присутно ги живеат своите денови.

И тоа е таа важна разлика меѓу нив и останатите. Научиле дека среќата се крие во нив, дека самите се одоговорни за неа, дека животот е прекраток за да се фокусираат на работите кои ги немаат. Наместо тоа, се фокусираат на она што го имаат и со кое располагаат, за да можат од тоа да изградат подобра иднина.

Иако делуваат незапирливо, сигурно и пресметливо, често се несигурни во своите одлуки, но подготвени се да ги преземат сите ризици. Многу често се перфекционисти кои се наклонети кон детално градење на планови, доколку првобитниот не им успее. И максимално се трудат да извлечат корист од она што го прават, да пронајдат начини со кои ќе се усовршат себеси низ тие процеси и да создадат живот за кој другите можат само да сонуваат.

Тие внеле живот во своите денови, не само бои. И вкусови и мириси, нови луѓе и проекти, страст, живост и ентузијазам. Научиле преку болката да создаваат нешто и да внесат нов живот. Инспирацијата секојдневно ја пронаоѓаат меѓу луѓето, ситниците кои ги опкружуваат, во природата и ветерот. Своите тажни искуства ги имаат претворено во победи, во лекции важни за нивниот развој. Тоа е нешто што прави значителна разлика меѓу нив и останатите, она што создава оган во нивната душа и го создава препознатливиот сјај во нивните очи.

Не се плашат од порази, знаат дека поразот е само еден чекор напред, дека по него доаѓаат нови почетоци. И пред сѐ, веруваат во себе и во животот. Веруваат дека сѐ што било проживеано било за некое повисоко добро, веруваат во својата цел и тогаш кога не го гледаат патот сосема јасно и не се согласуваат да добијат помалку од она што го заслужуваат. А и зошто би го направиле тоа? Зошто да живеете само за да живуркате и да ги игнорирате сите свои таленти? Кога и каде ќе ги искористите, ако не сега и секаде? Животот е за да се споделува, создава, открива...

Внесете радост во своите денови. Не се плашете да се откриете самите на себе. Не се стеснувајте и не ги поттиснувајте чувствата кои ги имате. Важно е само она што му го имате дадено на светот, важно е колку сте подготвени да се откривате себеси и да оставите нешто зад себе. Внесете живот во своите денови и одберете да бидете оние кои можат да имаат сѐ!