Одбележување на Богојавленските денови во Охрид пред повеќе од 60 години

Големо внимание секоја година привлекува фрлањето на светиот крст во водите на Охрид. Фотографија објавена на Фејсбук групата Охрид слики од минатото, за момент ни доловува како се одбележувале Богојавленските денови пред повеќе од 60 години.

„ Св. Јован и Денот на рибарите кон крајот на шеесеттите години. Во бело е Даркана, десно во втор ред дедо ми Коста со шубара, а до него татко ми Борис со бел шал. Лево од Даркана се Завојче, Бучко, Касапон, Чочег. Најгоре од младиве Пендик и другиве вервам ќе ги препознаете и вие. За многу години, напиша во неговиот пост Марјан Влакески кој ја сподели фотографијата.