Одбележување на 21 септември - Меѓународен ден на мирот

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска присуствуваше на свеченоста, која се одржа пред Споменикот на ослободителите.

Свеченоста, започна со едноминутно молчење и одавање на почит кон борците од НОАВМ, продолжи со читањето на Светската и на Националната порака за мир, а се заокружи со читањето на литературни творби за мирот, од страна на учениците од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ .

На одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, присуствуваа и претставници од Владата на Република Македонија, од Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, претставници од основните училишта во општина Центар, како и претставници од граѓанскиот сектор.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, е во организација на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ.