Одбележани 113 години од раѓањето на Никола Јонков Вапцаров во Општина Бутел

Денес се одбележуваат 113 години од раѓањето на македонскиот поет и револуционер Никола Јонков Вапцаров. 

Спомен обележјето на Вапцаров го краси платото пред Општинската зграда во Бутел. Градоначалникот на Општината, Дарко Костовски положи свежо цвеќе во чест на Вапцаров, а во големата општинска сала се изведуваа песни од страна на основците од Општината.

-Денес го чествуваме раѓањето на македонскиот поетот и револуционер, Никола Јонков Вапцаров. Со неговите литературни творби, со традиционалните македонски ора беше одбележан овој ден. По положувањето на свежо цвеќе во големата општинска сала имавме можност во изведба на нашите основновци да ги слушнеме песните на овој наш голем поет и револуционер. „Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“, ова е позната мисла на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров кажана во „Реферат“ напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во 1938 година. Во песната „Земја“ најотворено ја изразува својата национална припадност и пишува за својата татковина Македонија. Вечна му слава на македонскиот херој! - порача Костовски.