Одбележана Европската недела на спортот во Ѓорче Петров

Во текот на вчерашниот ден и денеска, ученици од основните училишта во Општина Ѓорче Петров, „Страшо Пинџур“ и „Јоаким Крчоски“ учествуваа на спортски игри, со што се во Општината се одбележуваше Европската недела на спортот.

На официјалната Фејсбук страница, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, објави фотографии од реализираните активности.

-Спортот од најрана возраст е особено важен за психо-физичиот развој на децата. Физичката активност е одлична можност децата правилно да се насочуваат и да се учат на концетрација, самостојност и одговорност. Тимската работа освен што има физички придобивки носи и самодисциплина, делење и толеранција. Затоа, многу е важно дополнително да ги ангажираме младите да спортуваат. - напиша Стојкоски.

Тој и се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт за соработката при организација на настанот.