Одбележан патрониот празник на новото училиште „Визбегово“

Општина Бутел го одбележа патрониот празник на новото училиште „Визбегово“. Градоначалникот Дарко Костовски на социјалните мрежи објави дека на еден посебен начин учениците заедно со наставниците го одбележале патронатот.

„Благодарност до директорот Кадри Елези и наставниот кадар кои работат одлично и го развиваат училиштето. Вложивме над 106 милиони денари за ова ново училиште кое работи веќе цела година. Продолжуваме континуирано со развивање на образованието во општина Бутел“, напиша Костовски.