Одбележан јубилејот 70 години музеј на Град Скопје

Градоначалникот Шилегов вчеравечер ја отвори изложбата „70 години Музеј на град Скопје“.

Во првата изложбена сала преку видео проекција во 3-Д мапинг технологија беа претставени активности и настани за музејската работа во изминатите 70 години поделена на декади. Во втората изложбена сала е претставен дел од збирката на плакати за изложби од изминатиот период од работењето на музејот.

Во третата сала е поставена изложба на која е претставен дел од најзначајните експонати од збирките на Музејот, уметнички дела и преглед на најзначајните настани, како: изложби, археолошки ископувања и истражувања, промоции и презентации.