Одбележан Денот на победата над фашизмот во Ѓорче Петров

По повод 9 Мај-Ден на победа над фашизмот делегација од општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски положи  цвеќе на споменикот на НОБ.

-Оддадовме почит на борците кои го дадоа животот за слободна држава и независност. Благодарение на хероите низ историјата, денес живееме мирно, уживајќи ги привилегиите на слободата. Почит за борците за суверена Република Македонија. Нека им е вечна слава! - порача првиот човек на општината Стојкоски.