Одбележан денот на Општина Ѓорче Петров

Денеска одбележуваме 106 години населено место, 26 години посебна локална единица во градот и 77 години како општината го носи името на големиот револуционер и Македонец, Ѓорче Петров, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски. 

Тој на својата Фејсбук страница го честита 20ти Септември, Денот на Општината Ѓорче Петров.

-Денеска е денот кога општината доби свој идентитет. Го славиме името на еден од најмаркантните историски ликови кои своевремено и на сите можни начини се обидувал низ историјата да ја сочува посветеноста што ја негувал кон својата татковина. Ја негуваме нашата општина токму по примерот на Ѓорче Петров - како што тој ја негувал љубовта кон нашата татковина. Се грижиме за ова населено место како што тој се грижел за сопственото парче света земја. Че ст е да се учи љубов кон територија од човек каков што бил Ѓорче Петров - напиша Стојкоски.