Ода за најубавите жени во хороскопот – Шкорпиите

Жените родени во овој знак се прекрасни личности.

Тие можат да ве прочитаат по само неколку секунди. Штом влезете во иста просторија со нив, тие веќе знаат каква личност сте. Тоа е нивна карактеристика од која не можат да побегнат. 

Имаат силно мислење за вас уште од мигот кога ќе ве запознаат. Со нив нема игра, не можете да ги манипулирате, не можете да ги лажете, не можете да избегате од нивните прашања. Можете само да се потрудите да бидете искрени или да се соочите со нивната брутална искреност, нивниот прекор ако ги излажете и нивната одмазда ако ги повредите. 

Не ги интересираат површни разговори и озборувања, кај нив нема простор за неважни интеракции. Тие сакаат предизвици и поттик, постојана инспирација. Делуваат одмерено, но страствени се и авантуристички настроени. 

Што и да мислите дека знаете за нив, не сте во право. Никогаш нема да ги запознаете целосно. 

Тие не се смеат постојано, нема да паѓаат во несвест на сите ваши шеги, туку одмерено ќе ве слушаат и ќе и се восхитуваат на вашата смисла за хумор, но само ако ја имате. Тие ќе бидат тука за вас, дење-ноќе да ве сослушаат и да ви помогнат. Но, не за секому, туку само за оние кои го заслужуваат тоа. Тие луѓе се бројат на прстите на една рака. 

Овие жени имаат силна мистерија околу себе која ќе ве обземе секогаш кога ќе им се приближите. Делуваат студено, но нивната крв врие постојано, особено ако им се допаѓате. Тие сакаат силно, но како божици, не го даваат своето срце секому. 

Можеби досега сте сретнале или засакале жена родена во овој знак. Можеби и никогаш нема да ја заборавите.