Од Зоолошка порачуваат: Не, не може да јавате слонче, и не може да лежите до тигарот во костим за капење

Да бидеш блогер или инфлуенсер станува се повеќе популарно на нашите простори. Па така, они кои решиле да се занимаваат со тоа, многу често знаат да ја преминат границата. 

Портпаролот на Зоолошката Тина Мицковска токму околу ова се огласи со свој статус на Фејсбук.

До сите новопечени инфлуенсерки и wannabe блогерки:

– Не, не може да јавате слонче

– Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа

– Не, не може да го држите Коко за рака и као демек шетате

– Не, не може да ги пуштиме лемурите надвор од живеалиште, за луѓето да мислат дека сте на Мадагаскар

– Не, не може да ја гушнете жирафата со две раце као демек ептен ве сака и сте BFF

– Не, не може папагалот за на стори да ви каже ја сакам Разменка во поштенско сандаче

– Не, не може да позирате со лавот и да пишете King and Queen – наведува Мицковска.

Наместо да ви текнуваат вакви будалаштии, дојдете фатете се за лопата и чистете им го изметот, повеќе лајкови ќе соберете, исто така им порача таа. 

Оваа нејзина објава многу брзо се рашири на социјалните мрежи.