Од ВРЕДИ горди на првиот „успех“ на Шасивари – Фејсбук страницата на Министерството за правда од сега и на албански

Од партијата Вреди го обзнанија првиот потег на новиот министер за правда, Јетон Шасивари по преземањето на функцијата.

Според објава на Фејсбук, станува збор за промена на називот на официјалната Фејсбук-страница на Министерството за правда, која отсега покрај називот на македонски јазик, го содржи и називот на албански јазик.

Страницата сега е именувана „Министерство за правда – Ministria e Drejtësisë“.

„Еве ја првата промена на министерот за правда Јетон Шасивари. Како беше и како е сега. Едно големо браво!“, се вели во објавата.