Од викендов казни за несовесните посетители на Зоолошка

Инспектори и комунални редари ќе ги казнуваат несовесните посетители на скопската зоолошка градина.

Во сабота и недела, службите на Инспекторатот на град Скопје ќе бидат на терен во Скопје Зоо. Секој несовесен посетител кој ги храни и вознемирува животните и фрла отпад во нивните живеалишта и на патеките ќе биде САНКЦИОНИРАН, информираат од Зоо Скопје.

Затоа пред викендот кој следува, да го повториме кодексот на однесување во Зоолошка градина Скопје:

-Строго забрането е хранење и допирање на животните. Тие имаат своја табличка на исхрана.

-Строго забрането е вознемирување на животните, фрлање отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата

-Не се прекачувајте преку огради и не влегувајте во зони каде што е забрането

-Вашите отпадоци фрлајте ви го корпите за отпадоци

-Децата треба да бидат под надзор на родител/старател

Благодарност до сите совесни посетители кои редовно се придржуваат до овој кодекс и имаат многу љубов за животните, велат од зоолошката.