Од вчера гори скопската депонија Дрисла, за еден ден регистрирани 28 пожари на отворено

Во скопската депонија Дрисла се уште е активен пожар кој еруптираше вчера, кога беа евидентирани вкупно 28 пожари на отворен простор.

“Сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично)”, известија изутринава од ЦУК.

Од почетокот на месецов, заклучно со вчерашниот ден, се забележани вкупно 484 пожари на отворен простор со поголеми димензии. Од тој број, 23 биле шумски пожари, додека во преостанатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблести растенија и деградирана шума, како и депонии.

Во текот на вчерашниот ден, пожари имало во: Општина Илинден: с. Илинден (ѓубриште); Општина Сарај: с. Ласкарце (ѓубриште и ниска вегетација); Општина Кисела Вода 1: ул. Сердарот (ниска вегетација); Општина Кисела Вода 2: ул. Паризански пат нас. Драчево (стари дрвја, гуми и ѓубриште); Општина Струмица: Место викано Софилари и с. Баница (ниска вегетација, стрниште и трска); Општина Гевгелија: Место викано Беќарови Чешми (ниска вегетација); Општина Битола 1: с. Брник (ниска вегетација); Општина Битола 2: Кај туланата (ниска вегетација); Општина Крушево: с. Врбоец (ѓубриште и ниска вегетација); Општина Ресен: с. Бела Црква (ниска вегетација), Општина Прилеп 1: Место викано Заград (ниска вегетација); Општина Прилеп 2: ул. Осоговска (ниска вегетација); Општина Пехчево: Во близина на Пехчево (ниска вегетација); Општина Пехчево 2: с. Црник (ниска вегетација); Општина Делчево: Индустриска зона (ниска вегетација и стрниште); Општина Кочани: с. Соколарци (ниска вегетација); Општина Куманово 1: Кај Гробиштата во с. Добрашане (ниска вегетација); Општина Куманово 2: Кај наплатна рампа Романовце (ниска вегетација); Општина Куманово 3: с. Добрашане (ниска вегетација); Општина Крива Паланка: с. Матинци маало Бзјаци (ниска вегетација и букова шума); Општина Кратово: с. Коњух (ниска вегетација и грмушки); Општина Јегуновце: с. Вратница (ниска вегетација); Општина Брвеница: с. Седларце (ниска вегетација и стрниште); Општина Желино: с. Мерово (ниска вегетација и стрниште); Општина Тетово: с. Ларце (мешана шума); Општина Гостивар: с. Бањица (ниска вегетација); Општина Сопиште: Над депонија Дрисла (ниска вегетација).